Филмот за Бин Ладен постави рекорд

Од:

Повеќе од 2,7 милиони луѓе, во неделата, во САД го гледале првиот филм за операцијата во која беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, јави телевизискиот канал „National Geographic“, кој го емитуваше филмот два дена пред претседателските избори.

Телевизијата напомена дека филмот бил најгледано остварување оваа година и на шесто место според гледаност во нејзината досегашна историја.

Поради емитување на филмот „Шестиот одред на морските фоки: Нападот врз Осама бин Ладен“ непосредно пред изборите, неговиот режисер Џон Стоквел и продуцентот Харви Вајнстин беа подложени на критики дека нивното остварување, кое е означено како дел од пропагандната кампања за поддршка на актуелниот претседател и кандидат на демократите на изборите Барак Обама.

Тие ги демантираа ваквите тврдења, напоменувајќи дека емитување на филмот е закажано уште поодамна. Дел од американските медиуми нагласуваат дека Вајнстин собирал донации за кампањата на Обама и додаваат дека операцијата против Бин Ладен претставува реклама за лидерските способности на Обама. Во јануари најавено е излегување на уште еден филм за ликвидирањето на Бин Ладен на режисерката Кетрин Биглоу.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија