Архитектонското студио „Лунд Хагем“ проектираше мала колиба во реонот на Сандефјорд во Норвешка, која е сместена меѓу карпи.
Колибата има покрив кој совршено се вклопува во севкупната камена структура на градбата и околната вегетација.
Во задниот дел на колибата се наоѓа посторија си маса, столици и камин, која има голем стаклен ѕид преку кој се пружа поглед кон околината и се овозможува врска меѓу градбата и природното опкружување.
Предната страна, во која е сместен дневиот престој, има поглед кон блиската река, а акустичниот таван прекриен со тенки ленти од дабово дрво овозможува вешто прикривање на спојките на панелите и создава единствена површина.
Целината на колибата ја заокружуваат висечки кревет и бања до која се стигнува преку застаклен ходник.
Поврзаноста на градбата со околината е постигната и со помош на бетонската клупа на предната страна, преку која внатрешната форма на колбата се прелева кон нејзината надворешност.