По повод Денот на виното и вљубените, во сабота, 13 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф.
„Кармина Бурана“ со пораката: „Среќата да биде владетелка со светот“ , со право ја нарекуваат кантата на XX век.
Овој пат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба.
Солисти се: Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон). Настапуваат, хорот и оркестарот на МОБ
Режисер е Дејан Прошев, диригент е Иван Еминовиќ.