Кастратовиќ: Имаме 10 дена да се подготвиме за следниот дуел

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар вчера на домашен терен постигнаа висока победа од 37:25 во дуелот со шведскиот тим Савехоф. Триумфот беше очекуван и со новите два бода и поразот на Букурешт во Унгарија од Ѓер (28:22) „вардарки“ се пробија на третото место на табелата во групата 2.

– Со ова покажавме дека можеме и не смееме да застанеме тука. Имаме 10 дена за подготовка за следниот дуел и почнуваме да размислуваме за Букурешт. Едно е јасно дека Вардар може да игра, но проблемот е да го покаже своето вистинско лице со секој ривал и на секој терен. Треба вака да продолжиме и веќе на следниот натпревар во Букурешт одиме без бело знаме, истакна тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ.

Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на 16.февруари во Букурешт против истоимената романска екипа што претставува и директен дуел за третото место во групата во овој момент.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ