Словенија и Унгарија го завршија ЕП во футсал

Од:

Репрезентациите на Словенија и Унгарија со порази го завршија својот настап на Европското првенство во футсал.

На шампионатот, што се одржува во Белград, во рамките на групата А Словенија го претрпе вториот пораз и тоа убедлив од Португалија со 6:2.

Вторпат беше поразена и репрезентацијата на Унгарија. Во натпревар од Б групата Унгарците загубија од Украина со 6:3, па Украина и Шпанија во директен дуел ќе решаваат за првото место во оваа група.

Денеска на шампионатот се два нови натпревари: Хрватска – Казахстан (од Ц групата) и Азербејџан – Чешка (од Д групата).

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска