Хрватскиот ракометар Блаженко Лацковиќ ги напушти редовите на македонскиот шампион Вардар.
Лацковиќ се враќа во германската Бундес лига и тоа во тимот на Кил, каде ќе биде замена за повредениот Кристијан Дисингер. Според најавите, Лацковиќ наредните денови заминува за Германија, а со Кил постигнал договор за соработка до јуни 2017 година.
Тој ќе треба да му помогне на Кил во борбата за титулата во германското првенство, но не ќе може да настапува во Лигата на шампиони бидекќи Хрватот веќе во елитното натпреварување настапуваше во дресот на Вардар
– Воопшто не помислував дека ќе добијам повторно шанса да играм во Бундес лигата. Ќе имам можност да играм за еден од најдобрите клубови во светот. Со нетрпение чекам да почнам во Кил, се вели во изјавата на Лацковиќ објавена на официјалната веб страна на германскиот тим.
Лацковиќ, кој во Вардар дојде 2014 година, веќе има искуство од Бундес лигата како член на Фленсбург и Хамбург, а во својата кариерата го има носено и дресот на Загреб.