Понекогаш не се доволни зборовите за да се опише рајската убавина на грчкиот остров Санторини.
Затоа Паоло Ламбри, Италијанец, се обидел со камера да ја забележи неговата магична белина и прекрасните зајдисонца над Егејското море.
За своето настанување и необичната убавина на Санторини „виновник“ е големата вулканска ерупција која пред илјада години уништила голем дел од грчката цивилизација и го одвоила островот од копното, давајќи му необичен облик.
Освен со својата убавина, Санторини е познат и по бројните легенди, па многумина веруваат дека Санторини е всушност изгубената Атлантида.