На пролет расте ризикот од зика вирусот

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба поради вирусот

Вијести – Подгорица

Појавата на опасниот вирус зика во Европа е можна, бидејќи комарците кои ја пренесуваат болеста се присутни во некои држави, посебно на Медитеранот.

Шефицата на СЗО за Црна Гора Мина Брајовиќ рече дека во текот на пролетта и летото, со појавата на комарците, ризикот од пренесување на вирусот ќе се зголеми.

– Во текот на зимата ризикот за пренесување на вируси во европскиот регион е исклучително мал, бидејќи климатските услови не се поволни за активности на аедес комарците кои го пренесуваат, рече таа за „Вијести‟.

Таа објасни дека во Европа се пријавени увезени случаи со инфекција од вирусот, кој продолжува да се шири во земјите на американскиот континент и на Карибите.

СЗО прогласни вонредна состојба, поради вирусот зика кој претставува закана по меѓународното јавно здравје, бидејќи болеста, која се поврзува со илјадници случаи на деформитети на бебиња во Бразил, се шири со молскавична брзина. СЗО соопшти дека вирусот може да погоди дури четири милиони луѓе.

Брајовиќ истакна дека на државите им се препорачува да работат на јакнење на надзорот, детекцијата и следењето на инфекцијата и невролошките компликации и да ја зајакнат активноста на планот на контрола на комарците.

Таа објасни дека нема основа и причина за воведува на ограничување на сообраќајот во Европа, но дека на лицата кои патуваат во земји во кои е зголемен бројот на инфекции од вирусот зима им се советува доследно да ги применуваат мерките за лична заштита.

Таа оцени дека СЗО смета дека вирусот не го пренесуваат генетски модифицирани комарци, што го објавија некои медиуми.

Надлежниот Институт за јавно здравство издаде препораки со кои се советуват граѓаните кои се враќаат од држави зафатени со епидемијата и имаат симптоми на болеста да се јават на нивниот матичен лекар.

Пишува дека симптоми на вирусот се осип на кожата, конјуктивитис, болки во мускулите и зглобовите и општа малаксаност.

Појаснија дека се смета дека инкубацискиот период трае неколку дена, дека инфекцијата обично е блага и дека поминува во рок од два до седум дена, но дека се верува „дека остава траен имунитет‟.

Потенцираа дека бремените жени и хроничните заболени треба да се консултираат со матичниот лекар, за да добијат совети и препораки.

Долгите ракави штитат од каснувања од комарци

Епидемиолозите при Институтот за јавно здравство препорачуваат да се фрли водата која подолго стоела во сад, да се затворат сите садови за вода да не можат комарци да влезат во неа, да се избегнува собирање на смет, да се исчистат одводите и да се користи мрежа на прозорците и вратите, за да се намали можноста за контакт на луѓето со комарци.

Советуваат да се облекуваат маици со долги ракави, панталони со долги ногавици и да се носи шапка, да се користат хемиски препарати кои ги одобриле здравствените власти и да се спие под мрежи кои штитат од комарци.

Лица кои патуваат во земја во која е регистрирана болеста треба да ги користат наведените мерки за заштита против каснувања во текот на целиот ден, посебно наутро, доцна попладне и на самрак.

Грипот од типот „А‟ е потврден кај шест лица, се очекуваат повеќе заболени

Во текот на минатата недела лабораториски е потврден грип од типот А кај шест лица. Од Институтот е соопштено дека во истиот период се регистрани 31 случај на заболување од сличен грип и дека најголем број се на возраст од 25 до 64 години.

– Иако заболувањето од грип всушност не може да се предвиди, во следните недели може да се очекува зголемен број на заболени, соопштија, додавајќи дека препорачуваат сите кои се со зголемен ризик од компликации да се вакцинираат.

Во Институтот тврдат дека во Европа е регистриран зголемен број на активноста на вирусот од грипот и дека се пријавени спорадични случаи на заболување предизвикано од вируси од типот А (Х1Н1) кој доминира, А (Х3Н2) и тип Б.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа