На Европското футсал првенство што се одржува во Белград, синоќа на програмата беа два натпревара на кои победите им припаднаа на репрезентациите фаворити – Италија и Русија.
Русите потешко од очекувањата минимално со 2:1 го совладаа Казахстан во дуел од Ц-групата, додека Италија со 3:0 славеше над Азербејџан во натпревар од Д-групата.
На тој начин Италија и Русија им се приклучија на Србија и Шпанија кои исто така имаа успешен старт на шампионатот.
Вечер се играат два натпревара, по еден од А и Б-групите.
Во 18 часот и 30 минути почнува дуелот Словенија – Португалија (А-група), а во 21 часот играат Унгарија – Украина (Б-група).