Македонија олимписките квалификации ќе ги игра во полскиот град Гдањск

Од:

Градот Гдањск и Полска ќе бидат домаќини на олимпискиот турнир од квалификациите за настап на Игрите во Рио 2016 на кои ќе настапи и македонската ракометна федерација. Веста попладнево беше објавена на официјалната интернет страница на Полската ракометна федерација, каде е објавен и распоредот на натпреварите кои ќе се играат од 8 до 10 април.

Во првото коло Македонија ќе игра против домаќинот на турнирот Полска, следен ривал ни е Тунис, а во последното коло е дуелот со Чиле. Пласман на Олимписките игри ќе обезбедат двете првопласирани селекции од трите квалификациски турнири. Натпреварите во Гдањск ќе се играат во „Ерго Арена“ која има капацитет од 15.000 места.

Другите два турнира ќе се играат во Шведска (Малме) и Данска (Хернинг). На турнирот во Шведска покрај домаќинот ќе играат уште Шпанија, Словенија и Иран. Данска ќе биде домаќин на селекциите на Хрватска, Норвешка и Бахреин.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ