Продолжуваат натпреварите од БИБЛ лигата

Од:

По речиси два месеци пауза, продолжуваат натпреварите во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ).

Единствениот македонски претставник во ова натпреварување гевгелиски Кожув, во првата рунда од втората фаза ќе игра против актуелниот шампион екипата на Сигал од Приштина.

Средбата ќе се игра утре во Гевгелија од 18 часот, а денеска во рамките на групата Д ќе се игра натпреварот Пеќ – Левски.

Во групата Ц, двојките за првото коло се, Башкими – Теодо и Морнар – Берое.

Во втората фаза од ова натпреварување во која екипите влегуваат без бодови, ќе бидат одиграни шест кола, по кои двете првопласирани од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска