Турското разузнавање открило план на ПКК за напади во неколку големи градови

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) планирала големи напади во седум турски градови, пренесе ТАСС, повикувајќи се на информација на весникот „ХаберТурк“.

Според податоци на весникот, ПКК на почетокот на оваа година испратила групи свои борци во Анкара, Истанбул, Измир, Трабзон, Ван, Адана и Дијарбекир, со задача да организираат напади и да предизвикаат експлозии.

Турското разузнавање добило информација дека овие групи планирале да го кренат во воздух службениот транспорт на силите за безбедност, како и да нападнат полициски станици користејќи автомобили бомби и привлекувајќи атентатори самоубијци во своите редови.

Турција против ПКК се бори повеќе од 30 години. Членовите на оваа сепаратистичка организација дејствуваат главно во југоисточниот дел на земјата. Во судирите со нив во текот на овие над 30 години загинале повеќе од 40.000 лица.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска