Германија нов европски шампион во ракомет

Од:

Репрезентацијата на Германија е нов европски ракометен шампион, откако вечерва во Краков во големото финале ја победи Шпанија со 24:17.

Победникот веќе се наѕираше по првото полувреме во кое Шпанците постигнаа само шест погодоци, наспроти десетте на Германија.

Гранитната одбрана на Германците продолжи и во вторите 30 минути. Тие целосно го контролираа резултатот и не му дозволија на противникот во ниту еден момент да го загрози нивното водство.

Каи Хефнер со седум голови беше најефикасен играч во победничкиот состав, кај Шпанците се истакна Раул Ентрериос со пет голови.

Добар настап имаа двајцата голамни, Андреас Волф крајот на мечот го дочека со 16 одбрани, Арпад Штербик со една помалку.

За Германија ова е второ злато од Европските првенства, додека Шпанија останува на чекор до тронот и по четвртото финале.

Бронзениот медал е за Хрватска која во малото финале беше подобра од Норвешка со 31:24.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ