Претставници на сириските Курди, кои очекуваа да учествуваат во преговорите за мир во Сирија, ја напуштија Женева откако не добија повик, и најавуваат дека никакви одлуки кои таму ќе бидат донесени, нема да ги обврзуваат.
Салех Муслим, шеф на влијателната Сириска курдска демократска унија, отпатува во Женева, во надеж дека неговата партија ќе добие место на преговарачка маса, но со своите соработници ја напушти синоќа Женева, изјави член на делегацијата.
– Да, ја напуштивме Женева бидејќи не добивме повик. Нема да се согласиме ниту на една одлука која ќе дојде од Женева, вклучувајќи го договорот за прекин на огнот, рече еден од неговите соработници кој сакаше да остане анонимен, рече тој.
Учеството на Курдите на мировните преговори беше една од најкрупните точки на спорот меѓу завојуваните страни во Сирија, како и нивните сојузници од странство.