Балетската претстава „Огнени градини“ вечер во МОБ

Од:

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава  „Огнени градини“. Изведба на најновата претстава на МОБ е најавена и за во вторник следната недела.

Кореографијата е работенана музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата.

Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи доста елементи од шпанските традиционални танци со нагласка на фламенкото.

Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал. Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.

Настапуваат: во Градините на Алхамбра:Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба:Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски;во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска,  Васил Чичијашвили,  Мирослав Митрашиновиќ

Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска