Данскиот стручњак Јан Питлик повеќе нема да биде дел од женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар. Ова денеска и официјално преку соопштение објавено на својата веб страна го потврдија од клубот.
На барање на Јан Питлик клубот се согласи за негово предвремено заминување од клубот поради семејни причини, иако тој требаше да остане во Скопје до јуни 2017 година.
– Клубот секогаш им излегувал во пресрет на играчите и членови кои изразиле желба за предвремено заминување. Овојпат заеднички со нашиот консултант Јан Питлик се договоривме наместо на лето, спогодбено да го раскинуваме договорот, и истиот да стапи на сила веднаш, давајќи му можност за моментно заминување’, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Клубот се подготвува за настап во главната фаза од женската лига на шампионките, а веќе на 6 февруари во Скопје ќе го игра меќот против шведскиот тим Савехоф.