Михаел Биглер, селекторот на полската ракометна репрезентација по сензационалниот пораз со 14 голови разлика од Хрватска, поднесе оставка.
– Играчите не се виновни туку јас во целост ја преземам одговорноста за неуспехот на Европското првенство. Жалам за навивачите кои ни даваа огромна поддршка и кои очекуваа медал. Загубениот натпревар со Хрватска е мојот најтежок пораз во кариерата, изјави сега Биглер.
Најавено е дека Биглер утре за последен пат ќе ја предводи полската репрезентација на средбата со Шведска која ќе се игра за пласман на 7. Место.
Германскиот стручњак беше на кормилото на Полска од 2012 година, а во неговата кариера како тренер работеше во повеќе германски екипи. Последен клупски ангажман му беше во Хамбург.
Со Полска на Мундијалот во Катар минатата година стигна до третото место и бронзениот медал.