Оставка на јапонски министер осомничен за корупција

Од:

Јапонскиот министер за економија Акира Амари денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше осомничен за примање поткуп.

На прес-конференција во Токио, тој ги отфрли обвинувањата за корупција и го демантираше пишувањето на еден јапонски неделник за тоа дека примил поткуп од градежна компанија, но објави дека поради овие околности мора да се повлече од функцијата.

Аналитичарите во Токио проценуваат дека целиот случај околу министерот Амари и неговата оставка претставува удар врз Владата на премиерот Шинѕо Абе.

Амари беше министер за економија и за фискална политика, од крајот на 2012 година и беше посочуван како еден од најдоверливите луѓе на Абе.

Тој беше јапонски претставник во преговорите за Транспацифичкото партнерство, па идната недела требаше да отпатува во Нов Зеланд за потпишување на договорот.

Амари важи за архитектот на планот „Абеномикс“ на премиерот Абе, со кој третата светска еконмија треба да излезе од состојбата на дефлација.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови