Родителите одбегнуваат ММР вакцини

Од:

Дневне Новине – Подгорица

Неодамна објавената вест дека Федералниот суд на САД во тајност признал дека ММР вакцината (комбинација на мали сипаници, заушки и рубеола) навистина предизвикува аутизам, повторно предизвика спротивставени реакции во јавноста.

Во Институтот за јавно здравство на Црна Гора тврдат дека вакцините, како и секој друг лек, можат многу ретко да предизвикаат несакани реакции и тоа е она што предизвикува најголема дилема кај родителите.

Дека тие навистина постојат во праксата потврдуваат податоците од Центарот за контрола и превенција на болести на Институтот за јавно здравство, кои покажуваат дека во последните пет години бројот на вакцинирани деца е во пад.

Да потсетиме, как што објави „Хафингтон Пост“, во неодамна донесеното судско решение, целосно цензурирано за јавноста, 10-годишниот Рајан Мојаби доби стотици илјади долари, откако судски е утврдено дека ММР вакцината довела до потврдена дијагноза на енцефалитис, а подоцна и до аутизам, .

Детето прво се разболело од енцефалопатија (воспаление на мозокот) по неколку дена откако во 2003 година примило доза на ММР вакцина, а докажано е дека потоа се разболело и од аутизам.

Меѓутоа, иако и американската Влада и Судот признаа дека ММР вакцината предизвикала енцефалитис, тие јавно не сакаат да дадат изјава, а не сакаат ни документите да ги дадат на увид на јавноста, со што мораа да признаат дека вакцината предизвикува аутизам, како што тоа беа присилени да го направат у во Англија.

Не е тајна дека и родителите во Црна Гора последните неколку години се во дилема дали да ги вакцинираат децата или не.

Опфатот со првата доза на ММР вакцината во Црна Гора до неодамна беше исклучително висок и се движеше околу 95 отсто и повеќе, соопштија за „Дневне новине“ од Центарот за контрола и превенција на болести ИЈЗ. Меѓутоа, како што наведоа, бројот на вакцинираните деца во текот на последните години почна да опаѓа.

– Од различни причини, а пред се поради влијанието на антивакциналните пораки кои некои медиуми ги пренесуваат без претходна проверка, а кои внесуваат немир и го зголемуваат стравот кај нашите родители, бројот на вакцинираните деца во последните години почна да се намалува, се наведува во одговорите на ИЈЗ доставени до „Дневне новине“.

Ако продолжи ваквиот тренд, предупредуваат во оваа здравствена институција, Црна Гора ќе се најде во слична состојба како некои европски држави (Франција, Велика Британија, Бугарија, Италија, БиХ и др.) кои по неколку години со ниски опфати ги погоди епидемија со по над десетици илјади заболени, десетици починати и голем број на деца со енцефалитис и последични невролошки компликации.

– Како последица од епидемијата на морбилите во соседна БиХ, кај нас кон крајот на 2014 година и во почетокот на 2015 година дојде до увоз на оваа болест од која заболеа 22 лица, пред се невакцинирани, од сите возрасти, главно од граничните општини Никшиќ, Херцег Нови, Котор, Подгорица, изјавија од ИЈЗ, додавајќи дека се надеваат дека поучена од овие искуства Црна Гора ќе ја избегне сличната состојба со повторна појава на епидемија на болести кои можат да се спречат со вакцинација.

Вакцините спасуваат животи, тврдат од ИЈЗ на чие чело е Бобан Мугоша, така што спречуваат болести кај луѓето кои ќе ги примат и многу луѓе кои се вакцинирани немаат сериозни реакции на нив.

– За жал, вакцините како и секој друг лек, можат исклучително ретко да доведат до несакани реакции и тоа е она што предизвикува страв кај родителите. Никој не негира постоење на вакви реакции, но тие се многу поретки од истите и слични компликации кои настануваат по болести од кои вакцините штитат поради што корисноста од вакцинацијата целосно е јасна, објаснуваат во Институтот.

Во Институтот за јавно здравство тврдат дека во Црна Гора не се регистрирани исклучително ретки облици на несакани реакции, од тип на енцефалитис, бидејќи тие се опишуваат со зачестеност од еден случај на 500.000 до милион дадени дози на ММР вакцина.

– Со самото тоа кај нас оваа реакција може да се случи исклучително ретко, еднаш во 10 до 100 години. Со оглед на тоа дека енцефалитис како компликација на природно прележани сипаници, се јавува 100 до 1.000 пати почесто отколку по вакцинацијата, јасно е дека ММР вакцината не само што спречува заболување и смртни случаи, туку и енцефалитисот кој често остава невролошки компликации, изјавија од ИЈЗ.

Во Институтот објаснуваат дека во држави со голем број на жители, како САД, чиј број на новородени е околу 500 пати поголем од нашиот, и со голем број дадени дози на вакцини, можно е од време на време да се регистрираат случаи на енцефалитис, но не и аутизам како несакана реакција по вакцината.

– Сите владини научни студии спроведени на примероци од повеќе милиони испитаници како од страна на државните така и од независните институции како Кохрановиот Институт, недвосмислено укажуваат дека нема поврзаност на ММР вакцинацијата не само со аутизмот, туку ни со астмата, леукемијата, дијабетесот, Кроновата болест и други нарушувања кои често се наведуваат во антивакциналните пораки, објаснуваат во ИЈЗ, додавајќи дека коинциденцијата на времето кога најчесто се открива аутизмот со времето кога се дава ММР е единствена причина за верување дека аутизмот е последица од примање на вакцината.

Досега регистрираните „благи реакции‟ во Црна Гора, како што е наведува во одговорите од Институтот доставени до „Дневне новине“, постои систем за контрола над несакани реакции по вакцинацијата, со кој лекарите пријавуваат секаков сомнеж за несакани реакции. Повеќето од тие реакции со кои се сретнуваат нашите лекари во праксата претставуваат „благи реакции‟, велат тие.

– Се работи за благи реакции од локален тип кои вклучуваат оток, црвенило и болка на местото на боцкањето и некои општи реакции, како зголемена телесна температура, губење на апетит, чувство на непријатност и малаксаност, за кои е карактеристично дека кратко траат и дека поминуваат сами од себе, тврдат од ИЈЗ.

Со системот за контрола многу ретко се регистрираат и некои посериозни несакани реакции „од типот на фебрилни конвулзии, продолжено плачење, алергиски реакции од типот на уртикарија… кои не оставаат последици по здравјето‟.

Нема податоци за бројот на деца со аутизам, Регистер за аутизам во Црна Гора не постои така што нема прецизни податоци за бројот на лица со аутизам.

– Некои студии кои за цел имаат проценка на бројот на лица со ваква состојба се почнати на просторот на државите на Југоисточна Европа од страна на психијатриските служби, а првите резултати се очекуваат до крајот на годината, по кои ќе се разгледува и можност за основање на регистер за аутизам. Нашата сугестија до медиумите е да се воспостави соработка со службите кои се бават со рана дијагностика и третмани (педијатрите, психијатрите и педагозите), за да се обезбеди соодветна едукација на граѓаните на Црна Гора и со тоа да им се помогне на родителите што порано да ги откријат почетните симптоми на аутизам, а со самото тоа и своите деца на време да ги подложат на соодветни третмани со што ефектите би биле поголеми, објаснија во ИЈЗ.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он