(ВИДЕО) Облог си е облог: Не верувал во успехот на хрватските ракометари, па на крајот трчал по гаќи

Од:

Многумина не веруваа дека ракометарите на Хрватска ќе успеат да ја совладаат Полска со повеќе од 11 гола разлика и дека ќе се пласираат во полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Полска.

Меѓу нив бил и еден жител на Славонски Брод, кој се обложил со својот пријател дека „ќе трча гол по гаќи по студентото време“ ако хрватските ракометари го остварат „неверојатниот подвиг“.

На крајот, Хрватска ја совлада Полска со 14 гола разлика и благодарејќи на поразот на Франција од Норвешка, се пласира во полуфиналето.

– Со поразот на Франција, Хрватска одигра неверојатен меч и се остварија најубавите соништа, а песимистите трчаат почесен круг – по гаќи на температура на мрзнење на водата, стои во описот на видеото објавено на Јутјуб, на кое песимистичниот славонец го „одработува“ загубениот облог.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ