Германската разузнавачка служба соопшти денеска дека и натаму се зголемува бројот на екстремисти, кои заминуваат во Сирија и Ирак, што предизвикува загриженост дека оние кои ќе се вратат можат да предизвикаат напади во Европа.
Според податоците на агенцијата, 790 луѓе досега ја напуштиле Германија и се приклучиле кон некоја екстремистичка група на Блискиот исток, а таа бројка во октомври изнесувала 750.
Една третина од нив се вратиле во земјата.