Македонија одигра нерешено и со Норвешка на Европското првенство во ракомет

Од:

Нов нерешен резултат на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Полска. Попладнево во Краков Македонија одигра нерешено со Норвешка 31:31 (17:13). Нашите ракометари во најголемиот дел од натпреварот имаа водство, но сепак на крајот не стигнаа до триумф.

По водствот на Норвешка од 2:1, Македонија направи серија од 3:0 за прво водство од два гола. На нашето водство од 7:5 норвежаните вратија со серија од три гола за водство од 8:7. До последните пет минути од првиот дел двете селекции се менуваа во водството, а по 12:12 во Македонија имаше серија од 5-1 за водство на полувремето од 17:13.

По неколку минути игра во вториот дел во четири наврати имавме и пет голови разлика по што селекторот на Норвешка побара тајм аут и со серија од три гола намали на 27:25. Норвешка продолжи со сигурната игра, а нашите ракометри почесто грешеа и во неколку наварти играа со играч помалку и во 53.минута Норвешка изедначи на 28:28.

По 30:30 Македонија не успеа да реализира два напади со играч повеќе. По голот на Филип Миркуловски успеавме да изедначиме на 31:31 во претпоследната минута. Последниот напад Македонија не успеа да го реализира. Со овој резултат Норвешка ги задржа шансите за полуфиналето.

Најефикасни кај Македонија беа Кирил Лазаров со 11 голови и Дејан Манасков со 5, додека кај Норвешка 6 постигна Кристијан Бјорнсен.

Во дуел со еден противнички играч со повреда се здоби Филип Кузмановски во петата минута и до крајот на дуелот не влезе во игра.

Во вечерниот термин од 20:30 часот во „Таурон Арена“ во Краков играат домаќинот Полска и Белорусија.

Табела на група 1: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Хрватска 4, Полска 4, Македонија 1, Белорусија 0.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ