Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Змејовата невеста“ од македонскиот композитор Стојан Стојков.
Ова национално дело е работено според истоимената драма на Димитар Г.Молеров.
Главните улоги им се доверени на Катерина Стојановска (невестата) и Кристијан Антовски (змејот). Режијата е на Дејан Пројковски, а диригент е Бисера Чадловска. Настапува и бројна солистичка екипа, оркестарот, хорот, балетски солисти и балетскиот ансамбл на МОБ.
МОБ по пауза од 10 години постави национално дело од домашен автор. Последно вакво дело беше операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски во 2005 година.
Праизведбата на „Змејовата невеста“ беше на 7 февруари 2015 година.