Домаќинот на Европското првенство во ватерполо, репрезентацијата на Србија ќе игра во финалето по убедливата победа над Грција со 13:7 остварена синоќа во Белград.
Србите доминираа во втората и третата четвртина кои ги добија со 2:0 и 4:1, првиот период заврши 4:3, а грчките ватерполисти беа рамноправни само во последната четвртина која заврши 3:3.
Во второто полуфинале на машкиот дел од турнирот вечер од 20:15 часот играат Црна Гора – Унгарија.
Во женска конкуренција денес ќе се одиграат двете полуфинални средби.
Од 15:45 часот се среќаваат Холандија – Шпанија, а од 17:15 играат Унгарија – Италија.