Репрезентациите на Србија и Грција ја сочинуваат првата полуфинална двојка на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Белград.
Грција во четвртфиналето беше подобра од Шпанија со 6-2, додека актуелниот европски шампион и домаќин репрезентацијата на Србија убедливо со 15-5 ја победи Русија.
Така, овие две селекции во среда од 20 часот и 15 минути ќе се борат за место во финалето.
Кои две селекции ќе играат во второто полуфинале ќе се знае вечерва откако своите натпревари од четвртфиналето ќе ги одиграат Италија – Црна Гора и Унгарија – Хрватска.