Италија и Унгарија без проблеми до четвртфиналето на ЕП во ватерполо

Од:

На Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград познати се шест  репрезентации кои обезбедија пласман во четвртфиналето.

Откако вчера тоа го сторија Србија, Хрватска, Шпанија и Црна Гора, денеска за место меѓу осумте најдобри се изборија и селекциите на Италија и Унгарија.

Попладнево во натпреварите од осминафиналето Италија ја победи Турција со 16:2, додека Унгарија беше подобра од  Грузија со 14:3.

Така веќе се комплетирани и првите дава пара за четвртфиналната рунда. Во вторник  Италија за противник ќе ја има Црна Гора, а Унгарија ќе игра против Хрватска.

Кои ќе бидат противници на Србија и Шпанија утре во четвртфиналето ќе дознаеме вечерва по дуелите меѓу Романија – Грција и Русија – Германија.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство