Репрезентациите на Шпанија и Црна Гора се првите две селекции кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Европското ватерполо првенство, што се одржува во Белград.
Во првиот меч од осминафиналето Шпанија убедливо со 14:3 ја победи Малта, додека Црна Гора беше подобра од Франција со 11:6 .
Вечерва ќе се одиграат уште два осминафинални натпревари во кои домаќинот и актуелен европски шампион Србија е апсолутен фаворит во дуелот со Словачка, а Хрватска ја има истата улога во мечот против Холандија.
Останатите четири натпревари од осминафиналето на програмата се утре.