Поради се поголемиот број на смртни случаеви поврзани со кофеинот, прашање кое се почесто се поставува е – која доза е смртоносна? Меѓутоа одговорот не е едноставен.
Случајот со 14-годишната Анаис Фурнирер која почина минатата година, откако испи две лименки енергетски пијалак Монстер, предизвика паника кај љубителите на кофеинските напитоци.
Во извештајот од патологија, стоело дека труење од кофеин е причината за нејзината смет. А испила количина кофеин која е еквивалент на четири шолји кафе. Но причини за паника сепак нема. За среќа таа количина за повеќето би била потполно безопасна.
Уредникот на „Journal of Caffeine Research“, Џек Џејмс, тврди дека возрасно лице може да се предозира со 10 грама кофеин (со еден пијалак се внесува 1 до 2 милиграми кофеин). Меѓутоа текстот од 2005-та година од научното списание „Forensic Science International“ вели дека смртоносна доза може да биде и пет грама кофеин.
Иако се тврди дека предозирањето со кофеинот е исклучително ретко, веќе со годинин, низа смртни случаеви ширум светот се поврзуваат со кофеинот.
Проблемот е во тоа што кофеинот во поголемиот број случаеви бил кобен во комбинација со алкохол или проблеми со срцето.