Убиен турски војник во напади на ПКК во Југоисточна Турција

Од:

Еден турски војник е убиен и петмина се повредени при напади, организирани од бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) во округот Дијарбекир, во југоисточниот дел на земјата, соопшти турската телевизија НТВ.

Борци на ПКК вчера активирале бомби, поставени на различни места во регионот на Сур, во Дијарбекир.

Во еден од нападите се повредени двајца војници. Подоцна се организирани уште два напади, во кои се повредени уште четворица турски војници. Еден од повредените војници подоцна подлегнал на повредите.

Турските сили за безбедност продолжуваат со антитерористичката операција во Сур, започната во декември минатата година.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“