Сингапурската полиција уапси 81 нарко дилери и зависници

Од:

Сингапрската полиција денеска соопшти дека во четиридневна акција уапсила 81 лице кои се осомничени како нарко дилери или зависници.

Кај ниту еден од нив не е откриено количество дрога кое автоматски повлекува смртна казна, но сите ги очекуваат долгогодишни затворски казни.

Ова е прва поголема акција на сингапурската антинаркотичка бригада по 2006 година, кога беа откриени двајца дилери со поголемо количество хероин, а над нив беше извршена најтешката казна со бесење.

Поради исклучително строгата казнена политика против лицата што продаваат наркотици, на кои автоматски им следуваше смртна казна, дури и кај тие лица што се фатени со повеќе од пет грама наркотик, се сметаше дека на државата-остров, со 5,5 милиони жители веќе нема наркотици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска