Репрезентацијата на Србија го доби женското дербито против Хрватска на Европското ватерполо првенство во Белград.
Во рамките од 2.коло на Б групата, домашните ватерполистките ја победија Хрватска со 8:3 (по четвртини 1:3, 2:0, 3:1 и 2:0).
Во првите два натпревари од истата група, одиграни попладнево убедливи победи остварија, Италија над Германија со 22:3, односно Шпанија која со 21:2 ја победи Франција.
На табелата води, Шпанија и Италија имаат по 6 бода, Германија и Србија по 3, а Франција и Хрватска се без освоен бод.
Утре ќе се играат натпреварите од 3.коло во А групата.