Легендарниот Дејвид Боуви кој почина во неделата на 69 годишна возраст, ќе биде погребан во Њујорк.
Оваа вест се уште не потврдена, но светските медиуми објавуваат дека сопругата на Боуви, Иман почнала да го организира погребот во Њујорк, каде семејството има стан и живеело изминатите години.
Обожавателите на музичката икона, се уште се надеваат дека погребот ќе се одржи во Велика Британија. За 31 март веќе е најавен голем концерт во Карнеги хол, во Њујорк во чест на Дејвид Боуви.