Авиони ловци Ф-16 на турските вооружени сили извршиле воздушни напади врз бази на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак, јави турската телевизија НТВ.
Операцијата е извршена синоќа.
Воздушните напади биле нанесени врз бази на терористите во реоните на Метина, Зап, Авашин, Басјан и Гара во Северен Ирак.
Повеќе детали не се соопштуваат.