Со натпреварот меѓу Шпанија и Словачка стартуваше 32.то Европско првенство во ватерполо што се одржува во Белград, Србија. Организаторот се реши натпреварите да се играат во „Комбанк Арена“ што значи дека би требало да биде соборен рекордот по бројот на гледачи (капацитетот е 11.500 места). Во склоп на арената монтирани се два базена (еден за натпреварите и еден за загревање).
На шампионатот во машка конкуренција ќе настапат 16 репрезентации, додека жените кои го играат 16.то првенство ќе бидат застапени со 12 селекции.
Кај мажите репрезентациите се поделени во четири групи: Црна Гора, Шпанија, Холандија, Словачка (А група), Србија, Хрватска, Франција, Малта (Б група), Италија, Романија, Германија, Грузија (Ц група), Унгарија, Грција, Русија, Турција (Д група).
Кај жените 12-те селекции се поделени во две групи: Португалија, Русија, Холандија, Унгарија, Турција, Грција (А група), Хрватска, Србија, Италија, Франција, Германија и Шпанија (Б група).
Европските титули ги бранат Србија кај мажите и Шпанија кај жените.
Шампионатот ќе се игра од 10. до 23.јануари.