Турските сили ликвидирале над 320 припадници на ПКК

Од:

Во серија акции на турските безбедносни сили во неколку реони на југоисточна Турција, се убиени вкупно 326 припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), соошти денеска Генералштабот на турската Армија.  
 
Како што јави телевизијата НТВ, оперциите на турските сили биле спроведени во градовите Џизре и Силопи во округот Шарнак и во местото Сур во округот Дејарбекир. 
Во соопштението на турскиот Генералштаб се наведува дека при акцијата во Силопи биле заробени 58 терористи, термин со кој властите во Анкара ги именуваат припадниците на ПКК. 

Споре армијата, заробените борци на ПКК се обиделе да побегнат од Силопа облечени во женска облека.

НТВ јави дека припаднците на ПКК запоседнале неколку куќи во Џизре, кои ги користеле како свои бази. Поради судирите меѓу владините сили и курдските борци градот го напуштиле „многу жители на Џизре“.

Во операциите на турските сили биле заплените и поголем број експлозивни направи, кои биле сокреини во креденци, печки, фрижидери, тенџериња и куфери по куќите.
Во соопштението се нагласува и дека при операциите, спроведени во изминативе неколку дена, биле ранети четворица турски војници, кои се хопситализрани, но се вон животна опасност.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска