Актерот Силвестер Сталоне изјави за весникот „Варајати“ дека разговарал со режисерот Рајан Куглер за можното продолжение на филмот „Creed“.
– Рајан има некои идеи да оди напред и назад, ги гледа всушност Роки и Аполо повторно заедно. Сетете се на Кум 2. На тоа мислеше, што е мошне амбициозно, рече Сталоне.
Во фокусот на дејствието на „Creed“ е Адонис Крид, син на Аполо Крид, некогашен противник на Роки Балбо, кого тој сега го тренира за да стане професионален боксер.