Бендовите „Ганс ен роузес“ и „ЛЦД Соундсистем“ повтоно ќе бидат заедно во апирл на музичкиот фестивал „Coachella“.
Организаторите на фестивалот кој се одржува во Калифорнија го објавија списокот на изведувачи и со тоа се потврдија гласините за обединувањето на двата многу влијателни бенда во последната деценија.
Се очекува на фестивалот „Ганс ен роузес“ првпат да свири во оригинална постава со пејачот Ексел Роуз и гитаристот Слеш кои заедно последен пат настапија во јули 1993 година во Буенос Аирес.
Рок бендот од Лос Анџелес ги потврди датите на концертите на неговиот сајт и објави видео за големиот концерт од времето кога биле на врвот на славата.
„Ганс ен роузес“ минатите години работеа, но без Слеш кој многу одамна изјави дека Роуз е многу тежок за соработка.