Камил Козби откако дозна дека ќе мора да сведочи на судењето на нејзиниот сопргу Бил Козби (78) заради обвиненијата за сексуално злоставување кои против него ги изнесе Андреа Констанд (44), Камил (71) е бесна.
Извор близок на семејството тврди дека таа повеќе нема да биде покрај Бил, со кого 51 година се во брак и дека и е многу „лошо“ од сите обвиненија кои се појавиле од избивање на скандалот.
– Мојот сопруг не заслужува затвор, но го заслужува целиот пекол низ кој сега поминува иако тој се уште се прави дека ништо не се случило, ги пренесе зборовите на Камил за Њујорк Пост, извор близок на семејството Козби.
Таа наводно била свесна за сите негови афери, а од него само барала да биде само дискретен и да не ја посрамоти.
– Сега таа целосно е посрамотена и верувајте ми не е лута на жените кои се јавиле во обвинението. Бил е тој кој ја посрамотил, рече истиот извор.
Таа наводно не сака да сведочи против сопругот, не затоа да го заштити, туку затоа што тоа е понижувачки за неа.
Иако судијата одреди дека Камила мора да сведочи, адвокатите на Бил планираат жалба на таа одлука. Доколку го прогласат виновен, на Козби му се закануваат десет години затвор.