Кинески уметник ќе постави споменик на бегалците на Лезбос

Од:

Кинескиот уметник Ај Вејвеј најави дека ќе постави меморијален споменик на грчкиот остров Лезбос во чест на бегалците, од кои голем број загинаа обидувајќи се да стигнат до Европа.

– Многу луѓе ги загубија животите под ударите на брановите, потребен ни е споменик, посочи Ај.

Тој додаде дека веќе отворил студио на Лезбос, додавајќи оти многу негови студенти учествуваат во проектот.

– Ова е историски момент од секоја перспектива. Како уметник, сакам повеќе да бидам вклучен, сакам да правам уметнички дела кои се поврзани со кризата и да придонесам луѓето да станат посвесни за ситуацијата, потенцира кинескиот уметник.

Ај (58) на почетокот од неделата ги посети бегалците на Лезбос.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени