Најмалку осум осуденици загинаа за време на новогодишната ноќ, а 24 се повредени во бунт во затвор во Гватемала.
– Најверојатно бунтот избил по неуспешниот обид за бегство, соопштија денеска затворските власти.
Бунтот изби во затворот во градот Пуерто Бариос, североисточниот дел на Гватемала.
За време на бунтот избиле неколку пожари.
Во затворот е предвидено да се сместени 146 осуденици, но во него се наоѓаат 944.