Еден полицаец и еден војник загинаа во операции против курдските борци во југоисточна Турција

Од:

Еден турски полицаец беше убиен, а петмина беа ранети вчера во антитерористичка операција против забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во југоисточниот турски округ Шарнак, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Силите за безбедност отстрануваа барикади во градот Џизре, каде во сила е полициски час. Полицајците настрадале во напад со ракета извршен од брците на ПКК за време на операцијата.

Во меѓувреме еден војник почина од повреди кои ги здобил за време на бомбашки напад, извршен од ПКК во градот Сур, во округот Дијабекир на 30 декември. Во нападот се ранети тројца војници.

Вкупно 228 борци на ПКК се убиени во антитерористички операции во југоисточна Турција од 15 декември 2015 година, соопшти Генералштабот на турската армија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски