Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Од:

Македонската опера и балет вечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти,  Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.

Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски.  На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман.

Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.

– Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од минатата година го организира на првиот ден од Новата година.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт во НОБ

Ана Ололовска