Меркел: Бегалците се можност за иднината

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел во новогодишната порака ги повика Германците да гледаат „можност за иднината“ во врска со рекордниот прилив на бегалци во државата.

– Годинава што изминува државата прими повеќе од милион азиланти и беше полна со предизвици, наведува Меркел чие новогодишно обраќање е претходно објавено. Таа ги предупредува граѓаните дека следува уште еден проблем, но дека сето тоа на крај ќе се исплати за државата „бидејќи земјите секогаш имале корист од успешните имиграции, економски и социјално“.

– Сепак, од клучно значење е да не ги следиме оние кои студено или дури и со омраза укажуваат што значи да се биде Германец или настојуваат да ги исклучат другите, порачува Меркел.

Таа потсетува дека Германија и во минатото излегувала на крај со такви предизвици како што беше повторното обединување и дека создала силна економија полна со иновации.

– Уверена сум дека ако се решава на правилен начин, денешната голма задача како што е приливот и интеграцијата на толку многу луѓе, ќе биде прилика за иднината“, нагласи германскиот канцелар Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“