Зголемување на прометот во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17,9 проценти, а реално за 11,7 проценти), како и во трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,3 проценти, а реално за 8,6 проценти), евидентира статистиката во ноември годинава во однос на ноември лани.
Според податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 0,7 проценти, а реално за 0,8 проценти).