Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава е за 2,1 отсто поголем во однос на истиот месец од минатата година, а во првите десет месеци од годинава е повисок за 1,8 проценти во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 2,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 и Капитални производи за 17,2 процента, додека опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка за 2,2, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 и Енергија за 2,6 отсто.