Доколку планирате да постетите некои од местата на овој список, ќе морате да побрзате. На нив им се заканува исчезнување, па наскоро нема да постојат, пишува oe24.at.
1. Антартик
Огромните ледени карпи и санти се топат брзо, а разликата во висината на водата, рапудно расте. Луѓето и животните го губавт животниот простор и се принудени да заминат од таму.2. Венеција
Феноменот „acqua alta“ уште повеќе го зголемува нивото на морето во „Водениот град“, а со тоа неговата егзистенција е доведена во прашање.3. Бајкалско езеро
Индустријализацијата, пренаселеноста и големиот лов на риби ја зголемуваат нерамнотежата во ова езеро, на кое му се заканува исчезнување.4. Мртво море
Прашање на време е кога Мртвото море ќе се претвори во голема пустинска сол. Се поголемата потрошувачка на морската вода е причина што ова море секоја година опаѓа за еден метар.5. Малдиви
Овој атолски остров не е повеќе од едно метро. Прашање на време е кога океанот ќе го поплави и ќе го избрише од лицето на Земјата.
6. Големиот корален гребен
Доколку сакате од блиску да го доживеете морскиот свет на големиот корален гребен ќе мора да побрзате. Овој австралиски рај за нуркачите, се бори за опстанок. Веќе 5% од коралните гребени се тешко оштетени.7. Килиманџаро
Врвот на оваа планина веќе 12.000 години е прекриен со снег. Меѓутоа со оглед на константниот раст на температурите, на овој врв му се заканува трајно топење и од снежниот врв би можел да остане само споменот.8. Амазон
Исто како што на амазонската прашума и се заканува исчезнување, така и самата река Амазон е во опасност поради константните индустријализации и промена на климата.9. Островот Халиг во Северно море
И до 50 пати во годината на овој остров беснеат бурите и е едно од местата на кои му се заканува опасност од исчезнување.10. Националниот парк Еверглејдс
Десетици загрозени билни и животински врсти живеат во овој парк. Тоа е најголемиот парк со суптропска дивина во САД. Полавите и бурите, растечката урбанизација, се закана за ливадите и мочуриштата, а би можеле да доведат и до потполно уништување.