Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава на месечно ниво биле пониски за 0,1 отсто, а на годишно за 4,2 процента.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, минатиот месец во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски само во групата Енергија за 0,5 отсто.

Во ноември 2015-та, во споредба со ноември 2014-та, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,2 процента, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 и Капитални производи за 0,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата