Курдската група „Јастреби за слободата на Курдистан“, поврзувана во минатото со Курдската работничка партија (ПКК), ја презеде одговорноста за експлозијата на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ на 23 декември, при што загина една жена, пренесе БТА.
Курдските бунтовници тврдат дека терористичкиот акт бил извршен со минофрлачки напад.
Експлозијата избувна во 02.05 часот по локално време во зоната во која се паркирани авиони. Нанесени биле штети на пет авиони, кои се наоѓале на 300 метри од експлозијата.