Над сто куќи уништени во пожари во Австралија

Од:

Најмалку 116 куќи се уништени во неколку пожари во крајбрежните региони на југот на Австралија, поради што илјадници лица беа принудени да ги напуштат своите домови во текот на божиќните празници, јави ДПА.

Директорот на австралиската Служба за справување со вонредни сосотјби, Крег Лепси соопшти дека во пожарите засега нема жртви, но е причинета значителна материјална штета.

Лепси додаде дека се уништени 116 куќи во местата Вај Ривер и Сепарејшн Крик, како и дека е во прекин сообраќајот на главниот крајбрежен автопат во австраликсата сојузна држава Викторија, „Грејт Оушн Роуд“.

Во гаснењето на пожарите, кои нејверојатно се предизвикани од удари на громови, учествуваат над 150 пожарникари, подпомогнати од 18 хеликоптери.

Шумските пожари се честа појава во Австралија во текот на летните месеци од декември до март. Во досега најтргичната 2009 година, во пожари ширум Австралија загинаа 173 лица, а беа уништени над 2.000 куќи.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски