Бухари: Боко Харам се „технички поразени“ од армиските сили

Од:

Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари, изјави дека Нигерија „технички ја доби војната“ против Боко Харам.

Во разговор за Би-Би-Си, претседателот вели дека џихадистите не можат повеќе да покренуваат „конвенционални напади“ против безбедносните сили на земјата, ниту напади во населени центри.

– Нивната сегашна активност се сведува на изедување бомбашки напади. Припадниците на оваа милитантнтна исламистичка група се уште се закана само за централниот дел на сојузната држава Борно- тврди претседателот Бухари во разговорот за Би-Би-Си.

Тој им даде рок на армиските сили, до крајот на оваа година, конечно, да се пресметаат со Боко Харам, која важи за една од најсуровите терористички групи во светот.

Изјавата на претседателот доаѓа откако домашните медиуми и безбедносни експерти предупредија дека рокот ќе мора да биде продолжен, затоа што иевештаите од теренот покажуваат дека џихадистите од оваа група се, се уште активни.

Боко Харам се појави во 2002 година, тогаш само агитирајќи против користењето на западното образование во нигерскиот образовен систем.

Името на групата на јазикот Хауса, буквално преведено значи „западното образование е забрането“.

Тоа го објаснува и уништувањето на образовната инфраструктура, како и недозволувањето децата да посетуваат училишта.

Милитантите од оваа група и тогаш, но и сега тврдат дека западното образование ги „корумпира„ муслиманите.

Со воени дејствија и со терористички напади, групата започна во 2009 година, што предизвика повеќе од 17 илјади лица да бидат убиени, а други два милиони да мораат да ги напуштат своите домови.

Боко Харам, во меѓувреме, им се приклучи на џихадистите од Исламска држава (ИД) па сега групата се нарекува себеси како „ИД западноафриканска провинција„.

Групата има под своја контрола голема територија во североисточна Нигерија, што ја означува како „калифат„.

Оваа година, нигерските армиски сили имаат вратено под своја контрала значителен дел од територијата што претходно ја поседуваа џихадистите на Боко Харам.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска